Вести Македонија Најважни

Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024, гласаат болните и затворениците

Од денеска во државава се спроведува прегласување на неколку избирачки места каде ДИК откри, а Управен потврди неправилности на гласањето на парламентарните избори од 8ми мај.

Денеска гласаат болните и изнемоштени лица во избирачки места во Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино, па поради прегласувањето во овие избирачки места важи обврската за предизборен молк која почна ноќеска на полноќ, а ќе заврши утре по 19 часот односно до затворање на избирачките места.

Притоа, ДИК соопшти дека за прегласувањето ќе важат истите листи за болни и немоќни лица.

Од ДИК појаснуваат дека гласањето на затворениците и болните ќе се реализира денеска, а ќе го спроведат општинските изборни комисии на територијата каде се наоѓаат лицата.

Дел од запишаните избирачи, правото на глас ќе го искористат во старечки домови каде престојуваат или во затворите каде издржуваат затворски казни. Такви има седуммина.

Во прилепскиот затвор гласаат тројца, во истражниот во скопско Шуто оризари право на глас имаат двајца, а по еден ќе гласаат во старските домови во Битола и Карпош.

Во меѓувреме ДИК соопшти дека навремено е дистрибуиран гласачкиот материјал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе