Вести Македонија

Османи објави фотографија од конференциската сала во Борис Трајковски и напиша „Спремни сме“- МВР со генерална проба за спроведување посебен сообраќаен режим

Мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера попладнето на Фејсбук објави фотографија од салата во спортскиот центар Борис Трајковски која е пренаменета во конференциска сала за претстојниот самит на ОБСЕ во Скопје.

До фотографијата објавена на неговиот профил на Фејсбук стои коментар „Спремни сме“.

Владата одлучи сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември да работат со скратено работно време до 12 часот, а 30 ноември за нив да биде неработен ден.

МВР со генерална проба за спроведување посебен сообраќаен режим пред самитот на ОБСЕ.

Денеска од 9 до 12 часот ќе бидат затворени дел од улиците во Скопје. За спроведување на мерките во патниот сообраќај ќе биде ангажирана единицата за безбедност во сообраќајот при СВР Скопје, а денеска како дел од вежбата затворени за сообраќај ќе бидат улиците бул. „Илинден“ од крстосница со бул. „Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул. „Љубљанска“ и бул. „8-ми Септември“ од крстосница со ул. „Скупи“ до крстосница со бул. „Партизански Одреди“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. Поради изменетиот соображаен режим во истиот период измени се предвидени и во Јавниот сообраќаен превоз на линиите кои транзитираат по овие сообраќајни делници, соопштуваат од ЈСП Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе