Вести Македонија Свет

Авиолинијата Скопје-Салцбург стартува од 1 април 2024 година

Нискобуџетниот авиопревозник „Виз Ер“ закажа авиолинија на релацијата Скопје-Салцург на која ќе сообраќа трипати неделно почнувајќи од 1 април.

Скопје – Салцбург е дел од четирите нови линии за кои Виз Ер претходно склучи договор за субвенции од Владата. Досега е воспоставена линијата со Љубљана која стартуваше во септември годинава,  а од следниот месец  кон Луксембург, додека кон Штутгарт треба дополнително да се закажат.

„Визер“ претходно сообраќаше меѓу Скопје и Салцбург, во 2020 година за време на ковид пандемијата, но беа прекинати откако Австрија забрани влез од голем број земји на Балканот.

Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување, а Виз Ер треба да ги испорача првите фактури за досегашните летови. Договор за субвенции е потпишан и со Луфтханза која се согласи да оперира на авиолинијата Скопје – Франкфурт без надомест.

На „Меѓународен аеродром Скопје”  со зимскиот ред на летање ќе се одржува воздушен сообраќај на 39 линии,  а четири на аеродромот „Св. Апостол Павле-Охрид”

Во периодот јануари-септември годинава има пораст од 30 проценти на бројот на превезени патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во однос на 2022 година, а кај летовите порастот изнесува 19 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе