Вести Свет

Маж со нож прободе пет лица во центарот на Даблин – меѓу нив три деца, едното е во критична состојба

Пет лица, меѓу кои три деца, се повредени денеска во напад со нож во центарот на Даблин. Истрагата е во тек, а причината за нападот се уште не е позната, но медиумите во Република Ирска шпекулираат дека можеби станува збор за терористички напад.

Како што јавува Би-Би-Си, инцидентот се случил нешто по 13:40 часот по локално време. Ајриш тајмс наведува дека осомничениот е приведен, а и самиот си нанел повреди, а како што додаваат, запленет е и ножот со кој е извршен нападот.

Според „Ајриш Тајмс“, првите индиции се дека напаѓачот се обидел да нападне неколку млади луѓе во неговата околина, меѓу кои имало и деца, но дека случајните минувачи веднаш интервенирале. Меѓутоа, меѓу жртвите има возрасен маж и жена и три деца. Повредените со убодни рани веднаш се хоспитализирани, едно од децата, девојче, е со сериозни повреди и е во критична состојба, другите две се со повреди кои не се животозагрозувачки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе