Вести Свет Топ вести

За 24 часа ќе се знае кога ќе настапи примирјето меѓу Хамас и Израел

Израел и Хамас постигнаа договор за ослободување на 50 заложници кои се држат во Газа за време на четиридневната пауза во борбите. Почетокот на паузата ќе биде објавен во следните 24 часа – доколку биде успешна, тоа ќе биде прва пауза во борбите од 7 октомври. Израел потврди дека неговата копнена и воздушна операција во Газа продолжува, пред да започне паузата.

Според договорот Хамас најави дека 150 палестински жени и тинејџери ќе бидат ослободени од израелските затвори.

Во втората фаза, Хамас би можел да ослободи уште 50 израелски жени, деца и постари лица, во замена Израел да го продолжи примирјето за уште неколку дена. Израел, исто така, би ги ослободил палестинските затвореници во ист сооднос 3:1 со бројот на ослободени заложници.

Владата на Израел инсистира на тоа дека ова не е крајот на војната, повторувајќи ја својата посветеност да ја „заврши елиминацијата на Хамас“. Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман, кој помогна да се постигне примирјето, рече дека се надева дека ова примирје ќе го отвори патот за крај на војната.

Шефот за управување со кризи на Европската унија го поздрави договорот за ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас и рече дека прекинот на огнот мора да се искористи за да се испорача очајно потребната помош во Газа. ЕУ е најголемиот светски донатор на помош за Палестинците, се испратени 15 карго летови со помош во Газа.

  • Со цело срце го поздравуваме постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза на непријателствата. Во исто време ја нагласуваме итната потреба сите заложници веднаш да бидат ослободени. И ќе работиме со нашите хуманитарни партнери за да ја искористиме паузата за хуманитарниот наплив во Газа- Јанез Ленарчиќ, европски комесар за управување со кризи.

Портпаролот на израелската армија изјави дека воените сили се крајн о внимателни за време на прекинот на огнот бидејќи Хамас ваквите ситуации може да ги искористи за нови киднапирања.

  • Нашата улога во ова е да одржиме оперативна пауза додека се спроведува договорот. Ние ќе бидеме на нашите позиции. Ќе стоиме цврсти и подготвени бидејќи знаеме дека Хамас има сомнително досие во однос на запирање на оганот во минатото. Тие ги користеа овие типови на паузи во минатото за да извршат повеќе убиства и киднапирања- Питер Лернер, портпарол на израелските одбранбени сили.

Израел почна да ја напаѓа Газа откако борците на Хамас ја преминаа границата на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа околу 240 други како заложници.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека повеќе од 14.000 луѓе – вклучително и повеќе од 5.000 деца – се убиени во нападите на Израел.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе