Вести Свет

Путин: Западот ги користи човековите права за да го уништи суверенитетот на другите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Западот ја користи доктрината за човекови права за да го уништи суверенитетот на другите земји.

Би сакал да нагласам дека актуелната хуманитарна криза е резултат на постојаните обиди на колективниот Запад да го уништи суверенитетот на другите и да обезбеди сопствена доминација, рече Путин на конференцијата во Москва по повод 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права.

Тој додаде дека Русија останува посветена на човековите права и покрај двојните стандарди на Западот, кои ја принудија Москва да се откаже од членството во неколку меѓународни организации.

Според рускиот претседател, Советот за човекови права на Обединетите нации, Советот на Европа и другите меѓународни институции „покажале политичка предрасуда кон Русија од избувнувањето на конфликтот во Донбас и Новорусија“.

Имајќи го предвид односот на Западот кон Русија, нашата земја беше принудена да се повлече од меѓународните организации, но продолжува да ги исполнува своите обврски во сферата на човековите права, рече Путин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе