Вести Свет

Зимата ќе ја влоши ситуацијата на раселените семејства во Газа – дождот ги поплавува шаторите

Растурени шатори, мокри постелнини и вода која се слева по сета облека која ја поседуваат. По војната на Израел и Хамас, падна првиот дожд во Газа.

Раселените семејства се видно вознемирени. Без покрив над главата,  сега не знаат ни како ќе ја преживеат зимата. Условите се тешки. Пијат вода од олуци, додека резервите за храна, лекови и струја се исцрпуваат.

Денес се разбудивме во 6 часот наутро, целиот овој шатор се урна на земја од дождот, а децата… Видете ја водата, видете ја земјата каква е. И тоа е само еден ден, што ли ќе се случува другите денови. Немаме каде да одиме, немаме ништо, рече Игбал Абу Сауд.

Единствени кои му се израдуваа на дождот беа децата.

Децата излегоа надвор од шаторите вриштејќи. Порано на тоа не беа навикнати. Дождот влегуваше во шаторите од сите страни. Постелнината и облеката беа намокрени со вода, објаснува Саусан ал Тарамзу.

Живеат во шатори кои се поставени еден до друг, во кал и без никаква заштита од влажното време. Зголемувањето на нечистотијата придонесува да се шири заразата, а детските болести продолжуваат да се редат на списокот. Иако се во бегалски кампови, животот и тука не им е ефтин.

Тие го бомбардираа цел камп, ги бомбардираа сите куќи и не оставија ниту една. Се разнесоа. Не остана ниту една куќа. Побегнавме од таму без ништо. Како што гледате ништо не земавме со себе. Тоа што го гледате се работи кои ги земавме од тука. Цените овде се високи. Многу, три пати повеќе од нормалната цена. Дојдовме и се сместивме тука во шаторите, каде живеат повеќе од 80 деца. Како што гледате, сите спијат на песокот. Децата патат од цревни болести, повраќање и дијареја, рече ал тарамзу.

Од почетокот на војната повеќе од 2,3 милиони жители го имаат напуштено својот дом. Цели семејства се сместени во шаторите кои се поставени на јужната страна.

Живееме во шатор со големина од 4 метри квадратни, во кој живеат повеќе од 20 луѓе, опиша Асим абу обаид.

Временските услови во претстојните денови ќе продолжат да се влошуваат. Според прогнозата и понатаму дождот нема да прекине. Како што се ближи зимата населението се повеќе ќе се соочува со потешкотии. Од вчера греењето за населението е само сон кој ќе се чека до следното лето, сончевите зраци не се веќе извор на топлина.

Мила Тодоровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе