Вести Свет Топ вести

Роднините на киднапираните луѓе од Хамас бараат од Нетанјаху да ги врати дома – протестен марш од Тел Авив до Ерусалим

Турција поднесе тужба до Меѓународниот кривичен суд против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го за геноцид во Појасот Газа и воени злосторства против човештвото. Документот на 23 страници го објави адвокатот на турската Партија на правдата и го проследи до Министерството за правда кое треба да ги испрати во Хаг.

Семејствата, пак, на околу 240 заложници кои ги држи Хамас денеска почнаа протестен марш од Тел Авив до Ерусалим. Настанот почна со едноминутен молк во чест на 19-годишната жена-војник, Ноа Марчијано, а целта на поворката е да се сврти вниманието врз маките и страдањата на нивните наблиски и од израелската влада побараа нивно ослободување и враќање дома.

Протест за ослободување на заложниците на Хамас денеска се одржа и во Женева. Десетици илјади луѓе, пак, се собраа и во Вашингтон на т.н. „Марш за Израел“ каде искажаа солидарност кон израелските власти во борбата со палестинската милитантна група и го осудија, како што рекоа растечкиот антисемитизам.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска рече оти е можен договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа. Тој изрази оптимизам и истакна дека преговарачките страни се блиску до заеднички јазик за излекување на сите киднапирани луѓе по нападот на палестинската група на 7 октомври, без да навлегува во детали.

Висок американски претставник, кој е запознат со текот на преговорите, нагласи дека Израел и Хамас ги приближуваат ставовите, во замена за континуиран повеќедневен прекин на борбените дејствија. Преговорите, сепак, ги опиша како нестабилни, со можност да пропаднат.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе