Емисии Код

КОД: Кичево-Охрид нема да се заврши до крајниот рок до Нова Година поради свлечишта кои ексклузивно ги прикажуваме во емисијата

Кичево-Охрид. Патот кој влезе во легендите. Се гради, урива рокови, првиот план бил лош, неспособност, планина која се спушта на неколку исти места, гнев на граѓаните што немаат пат кој се плаќа со нивни пари.

Во КОД снимките од свлечиштата на патот Кичево Охрид. Дали надлежните се правдаат за неизградениот пат или вистински проблеми допатувале со Кинезите на самиот почеток на проектот со претходната влада.

Колку пари се дадени, што е добиено, дали легендарниот пат повторно ќе добие нов рок, зошто не се пушта она што уште денес може да се користи за сообраќај.

Во КОД интервју  со директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта Ејуп Рустеми, а ексклузивно ви ги откриваме и снимките од новите свлечишта.

Директорот Ејуп Рустеми тврди дека проектот кој го изведува актуелната влада на СДСМ и ДУИ е заглавен поради првичниот проект кој што бил лош и направен во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Има грешки, но Рустеми не сака да оценува кој треба да биде одговорен.

КОД во оваа емисија и за проблемите со спората експропријација и зошто се уште не се пуштаат готовите делници на автопатот.

Се гледа крајот на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, но и по една деценија, не се гледа крајот на изградбата. Премиерот Димитар Ковачевски се закани со раскинување на договорот со кинеската компанија Синохидро.

Угоре високо, удолу длабоко. Ако владата го раскине договорот, ќе се потрошат години за избор на нови фирми, па тужби  пред арбитражни судови, па уште време за изградба. Ако не го раскине, повторно ќе биде потребно уште време и уште пари за да се доврши.

Есапот никако да се направи-за 50 отсто скокна цената на автопатот Кичево-Охрид. Еден километар чини над 10 милиони евра. Целиот автопат речиси 600 милиони. Во анексите се кријат деталите. Па така тунелот Пресека од првичните 46 милиони достигнал сума од 121 милион евра. Дали цените се реални е дискутабилно, бидејќи немаше тендер. Но, Синохидро за други автопати на тендер понудила за 4 пати пониски цени од договорените во 4 очи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Топ тема“ (14.05.2024) Опортунизам за дома, со потенцијал за изолационизам од надвор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Топ Тема 10.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе