Вести Македонија

Избегал од страв да не биде тепан – возачот, кој усмрти дете на Пластичарска, призна вина, во среда ја чека пресудата

Возачот призна вина за сообраќајката на Пластичарска во која загина дете. Дваесет и едногодишниот возач, кој е обвинет дека на 12 октомври на булеварот „Никола Карев во Скопје, не се придржувал до пропишаните прописи и возел со 76 километри на час и со предниот дел од возилото удрил во 10-годишно дете кое го минувало коловозот надвор од обележан пешачки премин.

Од ударот детето почина на лице место, а возачот го напушти местото на несреќата без да укаже помош. Возачот пред судот призна вина, но рече дека избегал од страв да не биде тепан. Јавниот обвинител побара, при одмерувањето на казната, судот да ги има предвид сите олеснителни и отежнителни околности, како и да делува превентивно за другите учесници во сообраќајот.

Како олеснителни околности обвинителот ги наведе возраста на возачот, признанието на вина и тоа дека вештакот одреден степен на вина за несреќата најде и на страна на жртвата. Како исклучително отежнувачки околности се дека жртвата е 10-годишно дете и исклучителната болка предизвикана на семејството, како и дека по несреќата, обвинетиот воопшто не застанал да види што се случило, да укаже помош на жртвата и дека возилото го управувал со брзина поголема од 50 километри на час.

Адвокатот на обвинетиот по службена должност се согласи со завршниот збор на обвинителот. Тој побара од судот да даде шанса на обвинетиот да го продолжи животот, со оглед на неговата возраст и дека никогаш не сторил никакво кривично дело, изјави адвокатот на обвинетиот.

Пресудата ќе биде објавена во среда. Возачот се наоѓа во куќен притвор, а се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе