Вести Свет

Турција го оцени годишниот извештај на ЕК како ,,неправеден” и ,,пристрасен”

Турските власти го нарекоа ,,неправеден” и ,,пристрасен”, вака турските власти го оценија годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Турција кон ЕУ. Сериозно забелешки се нотирани во делот на демократските стандарди, владеење на правото, човековите права и независноста на судството.

Во извештајот на турскиот министер за надворешни работи се наведува дека тие ги одбиваат неоснованите тврдења и неправедните критики, посебно во поглед на политичките критериуми и поглавјата на правосудството и човековите права.

ЕК наведува дека Турција не ги усогласила  принципите на владеење на правото и човечките права како и фундаменталната слобода во борба против тероризмот.

По 2005 година кога Турција ги започнала преговорите за членство, барањето  за пристапување кон ЕУ е замрзнато. Анкара ги отфрла критиките на ЕК и ги нарекува пристрасни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе