Вести Свет Топ вести

Со кренати раце и бели знамиња низ израелски контролни точки – илјадници цивили го напуштија северниот дел на Газа

Илјадници цивили побегнаа од северот на Газа низ рутата за евакуација која петти ден по ред ја отвори израелската војска. Покрај израелските тенкови минуваа со кренати раце и со веење на бели знамиња, а дел од контролните точки беа сведоци на апсења од израелските сили. Од хуманитарната канцеларија на Обединетите нации соопштија дека најголем дел од нив, меѓу кои и деца, возрасни лица и лица со инвалидитет, ја минала рутата со пешачење и со минимум на неопходни работи.

Марк Регев, советник на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, пак, порача дека постовоениот план на Израел не е „постојана окупација на Газа“. Според него, Израел разгледува нешто пофлексибилна варијатна која би овозможила влез и излез на израелските сили во Појасот по потреба. Тој ја нагласи потреба од израелско безбедносно присуство во енклавата што, како што нагласи, не значи дека Израел повторно ќе ја окупира Газа или дека ќе управува со неа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки на групата Г7 во Токио, порача дека „хуманитарната пауза“ во воените дејствија е повеќе од потребна за дистрибуција на помош, слободно движење на цивилното население и за ослободување на заложниците.

Италија денеска испрати болнички брод кон брегот на Газа за помош во лекувањето на повредени во израелско-палестинската војна. На него се наоѓа персонал од 170 лица од кои 30 се специјално обучени за итни медицински случаи.

Германија, пак, им одобри на домашните компании за испорака на оружје и воена опрема во Израел во вредност која е  десет пати поголема од целата 2022 година. Речиси 85 отсто од 218 дозволи се издадени по нападот на палестинската милитантна група врз Израел на 7 октомври. Најголем дел од извозот се однесува на оклопни возила, воени камиони и сигурносни стакла, а околу шест отсто или 19 милиони евра се проектили и артилериски гранати.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вонредна прес конференција на ДИК: Апел до избирачките одбори да се придржуваат до правилата за две ливчиња

Дејан Дејан

МВР и Јавното обвинителство со оценка дека изборниот ден минува без посериозни инциденти

Дејан Дејан

Со закачена слика на Тито во поранешна продавница се гласа во Велешко Дуротовец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе