Uncategorized Избори 2024

Изборниот процес тече мирно – дел од граѓаните гласаат и за двата избори, а некои само за парламентарни

Навремено и без никакви проблеми тече гласањето во општините Чаир и Сарај. Претседателите на избирачките одбори очекуваат изборниот процес да помине мирно.

„Ние започнавме во 7 часот сабајле. Се беше во ред. Граѓаните доаѓаат да гласаат и повеќето ги земаат двете гласачки ливчиња“, велат од  ИО во Чаир.

„Гласањето почна навремено. Сите материјали ни беа доставени навреме и уредот работеше исправно“, вели Гани Аслани, претседател на ИО во Сарај.

Дел од граѓаните кои го остварија своето демократско право на глас велат дека ќе гласаат само на едното избирачко ливче, а некои пак на двете, но сите заеднички ја делат мислата дека очекуваат фер и демократски избори и подобра иднина.

„Очекуваме да дојде подобра иднина за граѓаните“, вели еден жител.

„Се надевам на подобри плати и подобар живот. Не треба да се враќаме назад“, вели друг граѓанин.

Секој граѓанин само еднаш може да го оствари своето избирачко право, а со себе потребно е да носи личен документ за идентификација.

Гласачот добива две гласачки ливчиња доколку се одлучил да гласа и на парлемантарните и на претседателските избори, или едно за изборите за кои се одлучил.

Оние кои во текот на денот ќе се предомислат и ќе сакаат да гласаат и на другото гласачко ливче нема да можат затоа што дозволено е секој гласач еднаш да се појави на избирачкото место.

Гласањето се врши на тој начин што се заокружува редниот број или името на листата, а потоа гласачкото ливче се става во кутија. Бидејќи денеска се двојни избори има две гласачки кутии кои се соодветно обележани.

Избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК одлучи: Ќе се прегласува на избирачки места во Охрид и Крушево

Дејан Дејан

Пендаровски повеќе се рекламирал на телевизија, Силјановска Давкова на радио

Сашо Чавдаров

Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен и со честитка и со потсетување до Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе