Вести Македонија

(живо)Меџити во Топ Тема: За Алијанса, според она како гласа нивното членство е подобро да бидат дел од Движење за европски промени

Координатор на пратеничка група ќе биде жена или од Демократското движење или од Алтернатива, некоја од пратеничките. Отвораме и други теми јавна дебата за учеството на жените во политиката, ги најавува Меџити следните чекори на Движење за европски промени во вечерашната Топ Тема.

„Сега само во легислативата е предвидена да има 40% жени, но тоа не е регулирано во владата во јавните претпријатија и ќе бараме и во законот на владата да биде предвидено 40% да бидат жени“, рече Меџити

Тој тврди дека се во контакт со сите партии, според него 30-40% од членството на Алијанса ќе гласа опозициски.

А на прашањето дали е можно да се обединат со нив, Меџити одговори дека врз основа на тоа како гласа нивното членство подобро би било да бидат во овој блок, но на крај тие ќе одлучат.

Според аналитичарот Сефер Селими во предизборието ќе следи жестока дезинформациска кампања помеѓу Меџити и Артан Груби, бидејќи се знае дека сите министри имаат во своите кабинети креирано мини редакции со Пи-Ар тимови, кои имаат портали преку кои пласираат своевидни информации.

Потребни се обвинувања за конкретни дела за корупција, смета Селими и додава дека ако има корупција во ДУИ, Меџити треба да има докази за тоа.

Јасно е дека преку Лотарија на Македонија се финансира голем дел од медиумите, за Израелецот одат 800 000 евра државни пари, кој креира само црна кампања, истакна Меџити.

Меџити вети дека како во Албанија, така и во Македонија ќе бидат затворени сите казина и обложувалници, освен во хотелите во 5 ѕвезди.

Топ Тема е во тек можете да ја следите на линкот подолу

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе