Вести Македонија

Ние сме земја која со државни пари го поттикнуваме одливот на мозоци, велат универзитетските професори

Според универзитетските професори ние сме земја која со државни пари го поттикнуваме тој одлив на мозоци. Голем дел од корисниците на стипендии за студирање во странство остануваат да работат надвор од МакедонијаСпоред анализата на НАКС ниту еден стипендист во странство кој не се вратил во Македонија не ја вратил предвидената сума.

Милионски суми секоја година државата одвојува за стипендирање суденти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети на Шангајската листа во периодот од 2010 до 2021 година. Во ниту еден од законските и подзаконските акти не се дадени процедури кои би овозможиле поврат на средствата дадени на име на стипендија во случај кога кандидатот нема да ја изврши обврската за враќање и работа во државата.

  • За таа цел потршени се средства по наша проценка, затоа што се уште не ги знаеме точните суми, ги знае само Министерството за образование и наука,  во висина од 10 до 25 милиони евра.  Сето ова е правено кај нас кога не се финансираа стипендии за докторски и магистерски студии делумно воведени дури пред две години и се уште не се финансираат домашни научно -истражувачки проекти. Нешто по што сме единствени во цела Европа- проф. д-р Виктор Стефов, УКИМ.

Бизнис заедницата ниту е вклучена, ниту пак консултирана на кои факултети ќе се стипендираат студенти, за да се земат предвид фактите кои кадри им недостасуваат. Државата е одговорна затоа што несоодветно ги потрошила тие пари, вели професор Најчевска.

  • И сега се случува доаѓаат студенти од странство и викаат мене бизнис заедницата не ме сака, епа не ве сака, затоа што сака други кадри. Ама тие други кадри не се стипендирани од државата. Значи државата е таа која е одговорна, затоа што несоодветно ги потрошила тие пари- проф. д-р Мирјана Најчевска,УКИМ.

Според анализата на НАКС ниту еден стипендист во странство кој не се вратил во Македонија не ја вратил предвидената сума. При последниот повик на МОН пред речиси два месеца за доделување на ваков вид стипендии во конкурсот прецизно било наведено дека ќе бидат доделени вкупно 10 стипендии.

  • И ништо не се кажува од кои области ќе бидат, за да можеме да знаеме дали тие луѓе со тоа образование кое ќе го одберат навистина требаат на државата, дали ќе го подобрат високообразовниот, економскиот статус на оваа земја- проф. д-р Мимоза Ристова, УКИМ.

Дискреционото право на министерот за образование за доделување стипендии и формулирање на критериумите треба да биде сведено на минимум, велат од НАКС. Во Правилникот не се прецизирани посебните критериуми за добивање стипендија за студирање во странство што би овозможило недвосмислено рангирање на кандидатите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе