Вести Македонија Топ вести

(видео)Бабовски во Топ Тема: Покрај пестициди имаме и случаи со тешки метали, како во пратка на вино за извоз

На темата дали во Македонија има црн пазар на пестициди, кои се користат во земјоделието, а се забранети за употреба.  Има ли неконтролирана и прекумерна употреба на земјоделски препарати од страна на македонските земјоделци и ако тоа влијае врз јавното здравје на нацијата, вечерва во Топ Тема дебатираа Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, проф. д-р Нико Беќаровски од УК за Токсикологија и проф. д-р. Илија Каров, поранешен декан на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип.

„Покрај пестициди имаме и случаи со тешки метали, еве пратка на вино кое во цистерни се извезуваше во странска држава и тоа вино при анализата се заклучи дека има количини на тешки метали, во случајот тоа беше олово и тоа беше вратено назад во државата. Виното не е уништено затоа што преку процесот на дестилација добиен е дестилат каде што нивото на оловото е под границите и тука нема никаква опасност“, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

„За жал ние се уште имаме случаи на труења со забранети пестициди, ова не е единствениот случај со труење со ланата. Имаше и други случаи но пациентите преку инхалација го примиле и завршуваа на Клиниката за токсикологија. Многу чести се труењата и со етиол, етиолот е пестицид што веќе одамна во европските држави е исфрлен од употреба меѓутоа кај нас се уште се наоѓаат и се среќаваат“, објасни проф. д-р Нико Беќаровски од УК за Токсикологија.

„Иако имаме ние можеби добро организирана служба за контрола на пестициди, како Фитосанитарната лабораторија, која е акредитирана. Но таму не е проблемот, проблемот се појавува кога некој од земјоделските производи ќе биде извезен на странскиот пазар. Проблемот се јавува и кај нас кај корисниците на продукти од домашен пазар. Сите ние купуваме од зелените пазари, а тука треба да биде поголема контролата“, рече проф. д-р. Илија Каров, поранешен декан на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип.

„100.000 индивидуални земјоделци, мал земјоделец од еден декар, пет или десет, секој од нив има различно производство и различно искуство. Така што контрола на сите нив е невозможна. Дека постои црн пазар на пестициди јас до сега не сум слушнал“, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе