Вести Македонија

Сергеј Лавров бара да дојде во Скопје на Министерската конференција на ОБСЕ

Се бара начин како да се донесе министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, за да се избегне длабока егзистенцијална криза на Организацијата која поради руски блокади е со блокиран буџет од 2021, без избор на нови лица на раководни функции, но и без земја-претседавач за 2024 година.

„Јас добив писмо пред четири – пет дена од министерот за надворешни работи во кое што покажува интерес и барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици во делот на тоа прашање заради тоа што воздушниот простор на Северна Македонија е затворен за државни руски авиони, меѓутоа и на нашите соседи. Така да тука ќе треба да се направат напори, евентуално, логистички да се обезбеди“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Македонија.

Без да го спомене името на Лавров, Османи рече дека во наредните денови ќе се донесат одлуки дали на одредени конкретни личности ќе им биде доволено да допатуваат на конференцијата во Македонија.

За можноста Русија да се согласи клучните одлуки за Организацијата да се носат од нејзина страна на пониско ниво од министерско, Османи со став дека мора да се напушти принципот на државниот пред колективниот интерес.

„Очекувам дека и Руската Федерација ќе покаже знаци на компромис со цел да го олесни процесот на обезбедување на целосно присуство на нивната делегација“, е ставот на Османи.

Според Османи постои теоретска можност во Скопје да се изгаснат светлата на Организациата доколку не се решат клучните прашња за идното функционирање на ОБСЕ, но негов став е дека земјите-членки нема да го дозволат тоа.

Во Скопје од 29 ноември до 1 декември на Конференцијата на ОБСЕ ќе пристигнат 76 делегации од 57 -членки и 19 земји-партнери на ОБСЕ, со вкупна бројка од 1.000 гости.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе