Вести Македонија Најважни

Беса Адеми не се појави во Судски совет – им одговори дека не биле толку експедитивни кога нивни колешки претходно јавно се жалеа на притисоци

Додека членовите на Судски совет се подготвуваа да ја пречекаат со низа прашања претседателката на Врховен, Беса Адеми, остана во највисоката судска згради каде со „Коалицијата сите за правично судење“ потпиша меморандум за соработка.

На колегите од Судски им одговори дека нема да дојде и ги потсети дека не е прва што јавно говори за влијанија и притисоци врз судиите и заштита од нив. До сега таа тема ја отвориле и судии,  невладините, но и во анкетата на ОБСЕ, во извештаите на Стејт департментот, Прибе и ЕК. Претседателката на Врховен праша и зошто во судски не постапувал итно како сега и во случаите кога екс претседателките Црвенковска и Дамева јавно говореа за влијанија во советот.

На притисоци преку конкретни изјави и за конкретни случувања укажаа дури и членови на Судскиот совет, но и поранешни претседатели на Судскиот совет на Република Северна Македонија. И покрај ваквите укажувања јавноста не доби одговори дали Судскиот совет презел соодветни дејствија, појаснувајќи за какви притисоци се работело. Воедно, во врска со структурата и целта на поканата треба да се напомене дека доставувањето покани и организирање работни средби за новинарски написи и интервјуа ниту е соодветно, ниту пак на тоа упатуваат надлежностите на Судскиот совет, порача адеми.

Во долгиот одговор до судски, Адеми пишува дека наредниов период веднаш по добивањето на извештаите на Европската унија и на Оценската комисија за работата на Судскиот совет, ќе се отворат сите суштинските прашања за проблемите во судството, но и ќе се даде и јасен патоказ за чекорите кои треба да се преземат понатаму.

Констатациите од двата извештаи, вклучително и прашањето за политичките притисоци и влијанија набрзо ќе биде повод за размена на мислења и отворање на нова дискусија во рамки на работни настани и средби кои ќе дадат понатамошен придонес за владеењето на правото, рече адеми.

Од Судски совет и испратија порака на Адеми дека и покрај нејзиното не појавување  ќе продолжат да испитуваат дали и врз кои врховни судии и кој вршел притисоци и влијанија. Претседателот на судски со уште два члена од редот на судиите уверуваат дека претседателката на највисокиот суд ја повикале на работна средба за нешто што се надлежни а тоа е гарантираат независнота на судиите.

И покрај тоа што на анкетата на ОБСЕ речиси 72 отсто од судиите рекле дека не се согласуваат со тоа дека Судскиот совет ја штити независноста на судството, од ова тело велат дека им стојат на располагање на судиите да ги заштити од влијанија и притисоци. Претседателот на Советот Георгиев потенцираше  дека притисоците врз судиите се кривично дело кое треба да се пријави до обвинителството и одговори и дека се обидел, но не успеал да дознае на какви влијанија се жалеле неговите претходнички.

Информациите во јавноста за влијанија и лобирања меѓу врховните судии започнаа по информацијата дека има иницијатива во Врховен за начелен првен став со кој би се оживееала аболицијата на Иванов. Изминатиот период Врховен го посети и американската амбасадорка Агелер и испрати порака – Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки. Иницијативата за начелен правен став беше повлечена минатата недела. По интевјуто за сдк, беше повикана во Судки совет.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе