Вести Македонија Топ вести

Ракот на дојка најрано може да се појави после пубертетот – лекарите со предупредување за редовни контроли

Ракот на дојка најрано може да се појави после пубертетот, поради што  се неопходни самопрегледи редовно,  секој месец, а од 35 години да се прави и мамографија, беше посочено на едукативна работилницата за постоперативна рехабилитација кај рак на дојка,  во организација на Битолскиот универзитет.

Се препорачува првата мамографија да се направи по  35 години, но ракот на дојка може да  се појави после пубертетот. Тоа укажува на некои хормонални пореметувања кога се појавува посоле пубертетот, но шансата за развивање на рак на дојка се зголемува со годините, вели м-р Денис Арсовски, предавач на  Високата медицинска школа во Битола 

Здравствените работници посочуваат дека во Битола секој ден се дијагностицираат  по еден до два нови случи на рак на дојка. Според извештајот на Институтот за јавно здравје минатата година  во Македонија од рак на дојка починаа  356 жени, што е највисока бројка од 2010 до денес и најчеста причина за смрт од  сите малигни   неоплазми.  Расте бројот  и на новозаболени, а се зголемува  инвалидноста како последица на болеста.

Според ИЈЗ,  29 жени на 100 илјади жители заболуваат од рак на дојка. За жал, над 50-годишна возраст имаме зголемена смртност, како и премногу зголемена инвалидност како резултат на постоперативните компликации.  Се јавува проблем кај лимфните јазли, се развива лимфоедем кој го попречува функционирањето на гориот екстремитет поради отстранување и на дел од мускулот. Сè зависи од тоа до кој стадиум е дојден ракот“, рече Арсовски.

Иако октомври е месец за подигање на свеста за  борба против   ракот на дојка, со цел да се стимулираат жените да вршат редовни прегледи, во голем дел од здравствените установи низ земјава долго се чека  за  превентивни прегледи, покажува системот Мој термин.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе