Вести Македонија Топ вести

Оловната згура кај Лепенец не е само од компанијата „ Рецикал Еко- Старт“

Купиштата оловна згура, непокриена, а оставена во близина на реката Лепенец, не се само од компанијата „ Рецикал Еко- Старт“, туку и од други фирми. Во противзаконските дејства покрај оваа компанија учествувале уште две правни и едно физичко лице. Ова е утврдено по дводневната проверка на документацијата на „ Рецикал Еко- Старт“ од  Државниот инспекторат за животна средина, од каде најавуваат санкции за неа и пријави за случајот  до МВР и Јавното обвинителство . И министерката Шукова потврди дека ќе има пријави за компанијата и кажа дека и покрај незавршената анализа за составот на отпадот, сѐ упатувало на тоа дека е опасен.

Оловната згура од околу 500 до 600 тони, оставена непрописно во близина на реката Лепенец , на приватен имот, не е само од компанијата „ Рецикал Еко- Старт“, туку и од други фирми. Во складирањето на овој отпад, но и во други противзаконски дејства учествувале три правни и едно физичко лице, меѓу кои и посочената компанија. Ова го открил Државниот инспекторат за животна средина по дводневната проверка на документацијата за работата на „ Рецикал Еко- Старт“, велат од таму .

  • Три правни и едно физичко лице биле вклучени во одложувањето на отпадот кај Лепенец. Меѓу нив е и посочената компанија „ Рецикал Еко- Старт“. А, складираниот отпад не е само од неа, туку и од други фирми, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Противзаконското работење е нотирано во записникот кој Инспекторатот ќе го достави до „ Рецикал Еко- Старт“ . Компанијата има рок од 8 дена да одговори по забелешките. Согласно Законот за инспекциски надзор, Инспекторатот  ќе изготви решение за санкции и забрани на компанијата и ќе го пријави случајот во МВР и Јавното обвинителство. Иако хемиските анализи од земените примероци од отпадот не се завршени, министерката за животна средина кажа дека сѐ оди во насока дека се работи за опасен отпад.

  • Она што имам информации во моментот од Државниот инспекторат, е дека таму ќе има пријави. Се работело вон рамките на законот. И тоа нема да го дозволиме, рече министерката Шукова.

Покрај Инспекторатот и во Министерството за животна средина се прегледувала документацијата на „ Рецикал Еко- Старт“ , за да се утврди какви дозволи поседува. Сепак, министерката најави повеќе информации од понеделник.

Случајот со депонираниот отпад го откри инспектор од општината Ѓорче Петров. Тој издаде решение во рок од 30 дена да се отстрани од локацијата. Но , „ Рецикал Еко- Старт“, која преработува акумулаторски батерии и произведува рафинирано олово и оловни легури, нема дозвола за дислокација на отпадот, ниту пак во Македонија постои депонија за таков канцероген отпад. Што побргу тој да се отстрани, апелираат здравствените работници деновиве , зашто како што велат, колку подолго стои непокриен, толку поголемо ќе биде загадувањето на околната животна средина и може да се одрази врз здравјето на луѓето, особено кај децата и трудниците.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе