Вести Свет

Пет камиони на СЗО со медицинска опрема и материјали се подготвени за влез во Газа

Пет камиони со медицински материјал се натоварени и подготвено чекаат на границата меѓу Египет и Газа, објави Светската здравствена организација (СЗО), поздравувајќи ја најавата од Израел дека нема да го блокира влезот на конвојот со помош за цивилите на палестинската територија.

„Нашите камиони се натоварени и чекаат да тргнат“, изјави главниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Тој нагласи дека се надева оти залихите ќе бидат доставени што се отвори преминот Рафа, изразувајќи верување дека тоа ќе се случи утре.

Испораката на помош треба да биде прва по воведувањето на целосна блокада на Појасот Газа, во кој живеат 2,3 милиони луѓе, од Израел чии власти најавија и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а се заканија и запирање на доставата на храна и гориво, како одговор на разорниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Од тогаш се случија силни израелски воздушни напади врз Појасот Газа, а Обединетите Нации предупредија на хуманитарна катастрофа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе