Вести Свет

Пенс со критики до администрацијата на Бајден за стратегијата кон Иран и нападите во Израел

Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, изрази остри критики до претседателот Џо Бајден поради неговото стратешко позиционирање кон Иран и посочи дека политиките на администрацијата „создале усови“ Хамас да го нападне Израел.

Официјален Вашингтон се уште бара докази дaли постои врска меѓу нападите на Хамас и Иран, а набљудувачите укажуваат дека американската Влада е во метеж по изнанадните напади.

Во интервју за Си-Ен-Ен синоќа Пенс посочи на неодамнешната размена на затворенци со што се одмрзнуваат шест милијарди долари ирански пари на странски сметки блокирани поради санкциите.

Во изминатите две години претседателот Бајден им се клања на мулите во Иран, укинува санкции, ги моли да се вратат на нуклеарниот договор, и потоа им исплати шест милијарди долари откуп за заложници. Сметам дека сето ова создаде услови за овој терористички напад на Хамас против Израел без преседан, изјави Пенс.

Од администрацијата на Бајден изјавија дека ослободените пари ќе се употребуваат само за хуманитарни цели. Тоа синоќа го потврди државниот секретар Ентони Блинкен.

Официјален Вашингтон изрази целосна подршка за Израел по изненадувачките напади на Хамас. Размената на затвореници овозможи ослободување на Американци кои со години беа држени во тешки услови во ирански затвори.

Пенс кој е републикански кандидат за претседал на САД, изрази остри критика до Белата куќа.

Нема сомнеж дека Иран е зад ова, ги финансираше, ги одобри и во последниот ден аплаудираше на овој неверојатен терористички напад на Хамас против Израел, рече поранешниот потпретседател.

Официјален Вашингтон се уште бара докази дaли постои врска меѓу нападите на Хамас и Иран, изјавија од Си-Ен-Ен.

Набљудувачите укажуваат дека американската Влада е во бркотница поради нарушениот мир на Блискиот Исток во кој во изминатите години се вложуваше толку многу дипломатска енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе