Вести Свет

ЕУ ќе ја повлече развојната помош за Палестинците од речиси 700-тини милиони евра

Европската Унија денеска соопшти дека веднаш прекинува со дел од помошта и  ја става под ревизија целата своја развоја помош од 691 милион евра за Палестинците по нападот на Хамас врз Израел, што предизвика нова војна на Блискиот Исток.

„Размерите на теророт и бруталноста против Израел и неговиот народ е пресвртна точка…Како најголем донатор на Палестинците, Европската комисија го разгледува своето целосно развојно портфолио, во вкупна вредност од 691 милион евра“, напиша еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на социјалната мрежа Твитер. 

Еврокомесарот соопшти дека сите исплати се суспендирани, сите проекти се ставени под ревизија, сите нови буџетски предлози, вклучително и оние за 2023 г. се одложени до дополнително известување, како и дека во тек е целосна ревизија на развојната помош.

„Сега е неопходно да се позанимаваме со темелите на мирот, толеранцијата и соживотот…Поттикнувањето на омраза, насилството и глорификацијата на теророт премногу ги затру умовите“,

вели еврокомесарот, пренесе Ројтерс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе