Вести Свет

Азербејџанските сили со механизација ги рушат ерменските утврдувања во Нагорно Карабах

Азербејџанското Министерство за одбрана објави видеа од, како што рече, елиминирани борбени позиции и упоришта на ерменските вооружени сили.

Министерството во придружниот текст наведува дека „како резултат на локалните антитерористички мерки, борбените позиции и упоришта оставени од формации на ерменските вооружени сили се елиминирани, а на територијата се обновени комуникациските линии.

Сепаратистичката влада на Нагорно-Карабах во четвртокот соопшти дека ќе се распушти и непризнатата република ќе престане да постои до крајот на годината.

Потегот за распуштање на владата уследи по молскавична офанзива на Азербејџан минатата недела за враќање на целосна контрола врз регионот во јужниот дел. Таа бараше ерменските трупи во Нагорно-Карабах да го остават оружјето.

Нагорно-Карабах беше управуван од етничките ерменски сепаратистички власти околу 30 години, но беше меѓународно признат како дел од суверена територија на Азербејџан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе