Вести Свет Топ вести

Хаотична дебата во Лос Анџелес, Трамп повторно ги игнорираше своите противкандидати

Ракавиците комплетно паднаа за време на синоќешната втора телевизиска дебата на кандидатите за републиканската номинација на партијата. Хаотичната двочасовна размена, исполнета со постојани прекинувања, надвикувања и цинични лични напади, само го отсликаа очајот кој го чувствуваат сите седум кандидати соочени со сѐ понедостижниот Доналд Трамп.

Поранешниот претседател одлучи да не учествува и на оваа дебата, наместо тоа упатувајќи се кон Мичиген, една од клучните сојузни држави во обид да го искористи штрајкот на автомобилските работници. Иако не присуствува на дебатите, неговата сенка виси над сите останати кандидати, а нивните напади засега немаат никаков ефект врз него и неговата поддршка.

Доналд Трамп е исчезнат. Требаше да биде на оваа сцена вечерва. Ви го должи тоа, да одговара за своето минато, рече Десантис.

Актуелниот гувернер на Флорида се очекуваше да биде главниот кандидат на републиканците, истакнувајќи се над сите останати сопартијци изминативе две години, но засега каска далеку зад Трамп. За разлика од него, Крис Кристи, поранешниот гувернер на Њу Џерси, се чини дека во трката учествува само за да го напаѓа Трамп.

Вечерва не си овде затоа што се плашиш да дојдеш на сцената и да зборуваш за твоето минато. Се криеш од овие работи. Дозволи ми да ти кажам што ќе се случи. Продолжи така и повеќе никој нема да те нарекува Доналд Трамп, ќе те нарекуваме Пајо Паторот, му порача кристи на поранешниот претседател.

Излегувајќи како едни од победниците на претходната дебата, поранешната американска амбасадорка во ООН, Ники Хејли и бизнисменот Вивек Рамасвами разменија неколку вербални стрели. Рамасвами оцени дека изборните победи на републиканците ќе зависат од нивното привлекување на младите гласачи, но Хејли имаше проблем со начинот на кој тој предлага тоа да се прави.

Ова е вознемирувачко затоа што ТикТок е една од најопасните апликации што постојат на социјалните медиуми. Искрено, секогаш кога те слушам, чувствувам се поглупаво од тоа што го зборуваш, рече хејли.

Рамасвами беше ѕвездата на минатата дебата, и поради тоа политичкиот дебитант го привлече вниманието на останатите кандидати. За разлика од првата дебата, во која влезе како комплетен анонимус, овој пат искусните политичари беа подготвени за него и нивните напади видно го вознемирија.

На дебата исто така имаше место и за завесите во резиденцијата на американскиот амбасадор во ООН.

Како амбасадор во ООН, ти букално… –Ајде, кажи Тим. Потроши 50.000 долари на завеси. За завесите, истражи малку подобро, Тим, бидејќи Обама ги купи тие завеси. –Ти ги врати ли, се судрија Тим Скот, сенаторот од јужна каролина и хејли.

Иако не присуствуваше на првите две дебати, а најави и дека нема да присуствува ниту на третата која ќе се одржи во Мајами, Трамп не плати никаква политичка цена. Меѓусебните препирања на кандидатите, меѓу кои е и поранешниот потретседател Мајк Пенс, само ја зголемуваат предноста на Трамп.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе