Вести Свет

Галиени: КФОР не испрати дополнителни сили во северно Косово по инцидентите

Портпаролот на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, полковникот Андреа Галиени изјави дека мисијата нема испратено засилување на косовскиот север, по нападот врз полицијата на 24 септември во Бањска, кај Звечане, каде што еден полицаец беше убиен, двајца беа ранети, а тројца од групата од над 30 напаѓачи беа убиени.

Галиени за телевизијата АБЦ Њуз (ABC News) рече дека единиците на КФОР се посконцентрирани само во почувствителните области.

Нема засилување, војниците на КФОР се посконцентрирани само во почувствителните области, изјави Галиени.

Косовската полиција беше нападната од маскирана и вооружена група додека органите на редот се обидуваа да ги отстранат барикадите што беа поставени на патот во селото Бањске кај Звечане – една од четирите општини на север, населена со мнозинско српско население.

За настаните во Бањска во моментов се уапсени четири лица, а полицијата на 25 септември изложи оружје и друга опрема за која тврди дека биле одземени во тоа село. Вредноста на запленетата опрема, според министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, изнесува над пет милиони евра.

Косово ја обвини Србија како одговорна за нападот, додека официјален Белград тврди дека дошло до побуна на локалното српско население, кое е незадоволно од односот на властите во Приштина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе