Вести Свет Топ вести

Моравјецки му порача на Зеленски да не ги навредува Полјаците

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки синоќа му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата остра реторика кон Киев откако полскиот претседател се обиде да ги намали тензиите поради спорот околу увозот на жито.

Минатата недела Полска одлучи да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, загрозувајќи ги односите со соседната земја разурната од војна, на која значително и помага од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година.

Зеленски ја налути соседната земја кога на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк рече дека Киев работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито, но дека политичкиот театар околу извозот на производот само и помага на Москва.

Сакам да му порачам на претседателот Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците како што тоа го направи неодамна за време на неговиот говор во ОН, рече Моравјецки на митинг пред парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец, пред кои честа тема е попустливоста кон Украина.

Владејачката партија Право и Правда (ПиС) на Моравјецки е цел на критики од десницата за нејзиниот наводен покорен однос кон Киев. Аналитичарите сметаат дека тоа го принуди ПиС да заземе поагресивен став кон Киев.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, во обид да ги смири тензиите, претходно рече дека спорот меѓу двете земји околу извозот на жито нема да ги загрози нивните добри билатерални односи.

Не се сомневам дека спорот за извозот на жито од Украина на полскиот пазар е само фрагмент од севкупните полско-украински односи. Не верувам дека тоа може да има значајно влијание врз односите, затоа мораме да ја решиме оваа работа меѓу нас, изјави Дуда.

Во меѓувреме, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во напис за Политико рече дека Полска сака силна украинска држава која ќе излезе од војната со динамична економија и дека Варшава ќе продолжи да ги поддржува напорите на Украина за влез во НАТО и ЕУ.

Тука нема апсолутно никаква противречност. Поддршката на Украина против руската инвазија и заштитата на нашите граѓани од нелојална економска конкуренција истовремено им служат на интересите на Полска, напиша Рау.

Рау за новинарите во Њујорк изјави дека Полска не ја променила својата политика кон Украина, но дека има радикална промена во полското јавно мислење за односите меѓу двете земји.

За да се подобри оваа перцепција ќе бидат потребни титански дипломатски напори, рече полскиот министер.

Словачка, Полска и Унгарија, исто така, воведоа ограничувања за увоз на жито од Украина, тврдејќи дека евтиното украинско жито, главно наменето за транзит до западните пристаништа, се продава локално, што им штети на нивните земјоделства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе