Вести Македонија Најважни

Преспанскиот договор „го преживеа“ Уставниот суд

Македонија ја задржува одредницата „Северна“ во согласност со Преспанскиот договор. Законот за негова ратификација и влегувањето во сила без потпис на претседателот на државата се во согласност со Уставот, едногласно одлучи Уставниот суд. Судот констатира дека екс претседателот Ѓорге Иванов ја злоупотребил својата функција кога не го потпишал указот на законот. Тој бил должен тоа да го стори, бидејќи Собранието два пати гласало за него.

Волјата на пратениците се персонифицира со волјата на граѓаните наспроти волјата на само еден човек. Бидејќи системот на владеење во нашата држава е парламентарна демократија а не монархија, суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Уставот и законите важат подеднакво за сите, па и за претседателот на републиката, рече претседателката на уставниот суд, Добрила кацарска.

Судиите се согласни дека Иванов го прекршил Уставот и навлегол во законодавната сфера.

Претседателот како дел од Извршната власт ја попречува законодавната власт да носи закони. Ако тоа се повторува, може да дојде до парализирање на Собранието. Во конкретниот случај, отсуството на потпис е надминато и законот е објавен само со потпис на претседателот на Собранието, рече судијата известител насер ајдари.

Судиите сугерираат измени на Уставот за да се определи постапувањето во вакви случаи.

Точно е дека вториот пат претседателот е должен да го потпише указот. Но, нема рок. Можеме да чекаме бесконечно. Тоа е сериозна уставна празнина и може повторно да се случи. Но, дали ние треба да овозможиме Собранието да го игнорира претседателот, праша уставниот судија дарко костадиновски.

Судиите не навлегоа во расправа за содржината на Преспанскиот договор бидејќи немаат надлежност за меѓународни договори. А, една од причините за неговото оспорување е што наместо претседателот, на билатералниот договор е потпишан министерот за надворешни работи.

Претседателот на државата склучува меѓународни договори по член 119. Во овој случај, тој меѓународен договор кој го менува името на државата и ја суспендира волјата на граѓаните од референдумот на 8 септември 1991, е министер за надворешни работи кој нема активна легитимација во име на републиката да потпише ваков договор.  По тој основ, спогодбата Димитров – Коѕијас е ништовна, категоричен е поднесувачот на иницијативата, Тодор Петров од светскиот македонски сојуз.

Преспанскиот договор беше потпишан во јуни 2018-та, а во јануари наредната година беа изгласани уставни амандмани со кои, во името на земјата, беше додадена географска одредница. На оваа денешна одлука ѝ претходеше јавна расправа и неколкугодишно очекување судот да се комплетира, што уште не е остварено.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе