Вести Македонија

МОН со поддршка од ЕУ креира нов електронски дневник- во употреба најрано во второто полугодие

Со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија, Министерството за образование и наука изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата. Во новото софтверско решение интегрирани се сугестиите на наставниците, родителите на учениците и сите институции кои имаат пристап до системот и се очекува досегашните предизвици целосно да бидат надминати.

Првичните тестирања на новиот систем се веќе спроведени, во координација на Министерството за образование и наука со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата.

Паралелно се спроведуваат и обуки за примена на новиот електронски дневник, при што истите досега се посетени од страна на 40 училишни ИТ администратори каде најпрво софтверското решение ќе пилотира, како втора фаза од процесот на тестирање во текот на оваа учебна година. Обуките ќе продолжат во следниот период, со опфат на сите училишни ИТ администратори.

Новиот систем ќе биде официјално применет во сите училишта, откако ќе бидат исполнети сите услови предвидени во процесот на тестирање и по миграцијата на податоците од постојниот систем во новиот. Очекувањата се тоа да се случи во текот на второто полугодие на тековната учебна година или на почетокот на следната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе