Вести Македонија

Српска листа за апсењето на Србите обвинети за воени злосторства: Курти продолжува со насилство врз Србите

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), по повод денешното апсење на тројца етнички Срби под обвинение за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, го обвини косовскиот премиер, Албин Курти дека продолжува со неговиот „план за употреба на насилство и сила“ за решавање на отворените политички прашања.

Според СЛ, новите апсења, и инцидентот во Грачаница од пред неколку дена, кога две лица од српска националност ја обвинија полицијата дека ги истепала без конкретна причина, доаѓаат „по одбивањето на Курти активно да учествува во дијалогот (со Белград) и да ја деескалира ситуацијата на терен“.

Тие ги повикаа Мисијата на НАТО во Косово, КФОР и онаа на Европската унија за владееење на правото во земјата, ЕУЛЕКС, да ги спречат, како што велат, натамошните „провокации на режимот на Курти“.

Тој ги третира Србите на Косово и Метохија како заложници во преговарачкиот процес, кои може да ги малтретира кога сака и на тој начин испраќа порака до Европската унија дека не му можат ништо. Апелираме до КФОР и ЕУЛЕКС итно да спречат упади на специјалните сили и други провокации на режимот на Курти, кои го загрозуваат мирот и предизвикуваат тензии, се наведува во соопштението на СЛ.

Косовската полиција уапси денеска три лица од српска националност, кои се осомничени за воени злосторства против цивилното население за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово се наведува дека на тројцата уапсени им е одреден притвор од 48 часа.

Тројцата уапсени се обвинети за кривичното дело „Воени злосторства против цивилното население“, дејствија кои се санкционирани според членовите 142 и 22 од Кривичниот законик на РСФЈ, актуелно казниво според… Кривичниот законик на Република Косово… според локалните закони, воените обичаи и Женевските меѓународни конвенции и дополнителните протоколи, се наведува во соопштението.

И Официјален Белград, како што пренесуваат медиумите во Приштина, реагира преку Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, која соопшти дека уапсениот во Звечане, Д.М., е поранешен полицаец, додека за уапсениот И.Е. тврди дека е во тешка здравствена состојба.

Тие се испратени во непознат правец јужно од (реката) Ибар. Канцеларијата за Косово веднаш обезбеди адвокати за уапсените Срби, кои се обидуваат да откријат каде се испратени, бидејќи нивните семејства немаат детални информации за нивните најблиски, се наведува во соопштението од Белград.

Директорот на Канцеларијата за КиМ при српската Влада, Петар Петковиќ,  денешното апсење го оцени како „продолжување на етничкото чистење од страна на Курти“.

Според Петковиќ, во наредните часови се очекува да биде уапсен уште еден косовски Србин, во село Кајково, општина Лепосавиќ, во северно Косово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе