Вести Македонија

Потребно е подигање на свеста за гинеколошки карциноми, апелираат лекарите

Важно е да се подигне свеста за гинеколошки карциноми- нивната застапеност, можности за превенција и рана дијагноза, апелираат лекарите.  Во руралните средини мал е бројот на превентивните прегледи, но загрижувачки е дека и во најурбаните општини има недостаток од здравствена култура. Во Македонија се уште не е воспоставен регистар и точно дефинирање на подтипови кои имаат специфики во лекувањето (под 6% ретки гинеколошки карциноми).

  • Во реалноста ние имаме скрининг програми кои што се одамна етаблирани на хартија но имаме мал опфат на пациентките со овие превентивни скрининг програми. Во последната информација која ја добивме како здружение за жал само 28% од жените се имаат јавено на превентивните скрининг програми на кои треба да се јават или се повикани да се јават, што не значи дека бројката е толку катастрофална можеби некои одат и во меѓувреме, а некои и почесто – проф.   д-р  Глигор Тофоски, претседател на МАГО.

Според професор Димитров би требало да се воведе во т.н Мој термин „Сина ургентна линија“, за пациентите со малигна дијагноза, да има слободни термини за тие пациенти, доколку ги имаме предвид секојдневните проблеми за закажување и за дијагностика, за третман и за накнадни контроли.

  • Јас имам пациентка која на биопсија добила инвазивен цервикален карцином и гледам во Мој термин не може да и се закаже основната постапка која што бара во предоперативната постапка магнетна резонанца, а она би требало по протокол тоа брзо да го направи- проф. проф. д-р Горан Димитров,  претседател на Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво.

Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања со апел дека според смртноста, ракот на грлото на матката е четвртиот предизвикувач во однос на сите други карциноми, поради што неопходно е да се подига јавната свест за превентивни лекарски прегледи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе