Вести Македонија

Две мерења на висината на децата годишно можат да го променат нивниот живот

Само две мерења на висината на децата годишно се доволни за да се открие проблем со хормонот за раст. Децата кои не растат по неколку сантиметри годишно можно е да имаат проблеми со овој хормон. Најчеста причина за нискиот раст е фамилијарно низок раст, но доколку тоа не е е случај лекарите велат дека упатува на здравствен проблем за кој има соодветна терапија. Раното започнување со третман со хормон за раст овозможува секое дете да има нормален раст.

  • Само две мерења на висината годишно може да го променат животот на вашето дете. Не ги игнорирајте фактите дека се уште има време да ги промените нештата. Децата еден ден навистина ќе ви бидат балгодарни, вели Александар Петровски, претседател на Здружение на граѓани РАСТ.

Во моментов во Македонија има дијагностицирано околу 140 случаи. И за сите нив има навремена и соодветна терапија.

  • Основно е да ја најдеме причината за недоволниот раст кај децата. Висината на децата треба да ја контролираме барем два пати годишно со обележување на кривата на раст која што е достапна кај секој матичен лекар и педијатар. Децата кои ќе бидат поставени на терапија треба редовно да се контролираат на Клиниката на секои три месеци и терапијата да ја земаат регуларно, вели д-р Констадина Кузевска Манева, Универзитетска Клиника за детски болести.

По повод светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата, здружението на граѓани РАСТ ја упати пораката за гласно НЕ за дискриминација на децата и лицата со нарушен раст.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе