Вести Македонија Топ вести

„Таргет- Тврдина“ се одложи додека обвинителите анализираат кои дела застаруваат, а кои остануваат

Обвинителите анализираат колку измените на КЗ ќе го погодат клучниот предмет на СЈО, Таргет- Тврдина, за масовното прислушување. Поради тоа се одложи и денешното судење. Обвинителството за организиран криминал испратило допис до Кривичен, со кој бара време за да ги разгледа правните прашања кои произлегуваат од измените на КЗ и како тие ќе влијаат  врз правната квалификација на делата за кои се гонат обивнетите. До следното рочиште закажано на 4-ти октомври ќе донесат одлука со какво обвинение ќе продолжи овој предмет.

И додека во обвинителството се прават пресметките кои дела застаруваат, а кои може да се преквалификуваат,  за кого судењето ќе застане, а за кого ќе продолжи, упатените анализираат дека овие законски измени сериозен удар ќе му зададат на  „Таргет“ , односно делот од обивинението посветен на прислушувањето.

Токму тоа е една од забелешките на невладините дека законските измени беа донесени експресно без да се пресмета општествената штетност врз предметите за кои јавноста има интерес.  Со вакви измени се згоелмува ризикот од корупција ,тргување со влијание и партиски пазарења, предупреди претседатлеката на Антикорупциска, на панел дискусијата организирана во Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“.

За користењето на европското знаменце забележуваат и од американскиот Национален демократски институт . За да може Собранието да им служи на граѓаните треба  законодавците да имаат повеќе време и простор да ги размислуваат и дебатираат законите, рече директорот на НДИ, Роберт Хејзел.

Иако е пост фестум дебатата, таа не треба да престане затоа што законот не е догма сметаат експертите.  Обид да ги оспори измените на КЗ направи претседателот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов кој поднесе иницијатива до Уставниот суд. Во неа се повикува на уставните одредби за владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции. Тој очекува и Уставниот суд по службена должност да донесе времена мерка за одложување на примена на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука за Иницијативата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе