Вести Свет Топ вести

Илјадници Либијци имаат потреба од итна помош по разорните поплави – бројот на загинати се искачи на 11.300

Стотици илјади луѓе имаат потреба од итна помош по разорните поплави во Либија, соопшти Канцеларијата на ОН.

Во апелот се повика на итна помош од 71,4 милиони американски долари „за да се задоволат најитните потреби на 250.000 луѓе од вкупно 884.000 на кои се очекува да им биде потребна помош во следните три месеци“.

Организацијата соопшти дека речиси 900.000 луѓе во пет провинции на Либија „живеат во области директно погодени од невремето и поплавите и страдаат во различен степен“.

Силната бура „Даниел“ во неделата ја погоди Либија, откако претходно го погоди Грција, Бугарија и Турција.

Ѕидовите на две брани во планините над пристанишниот град Дерна се урнаа и однесоа големи делови од него.

Според либиската „Црвена полумесечина“, бројот на загинати во Дерна се искачи на 11.300 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вонредна прес конференција на ДИК: Апел до избирачките одбори да се придржуваат до правилата за две ливчиња

Дејан Дејан

МВР и Јавното обвинителство со оценка дека изборниот ден минува без посериозни инциденти

Дејан Дејан

Со закачена слика на Тито во поранешна продавница се гласа во Велешко Дуротовец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе