Вести Македонија Топ вести

Уште две скопски фирми купувале од опасниот т.н. мазут од Штип, опасното масло било користено и во главниот град

Освен РКМ, кој купувал и продавал од опасното тешко масло на САНС АГ од Штип, од истиот погон купувале и набавувале уште две компании – „Тритерол Петрол“ и „Екопор“. САНС АГ, иако немал лиценца за производство, од искористени гуми и друг отпад со горење произведувал тешко масло  кое било користено како мазут низ Македонија. Од него купувал РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски и со фиктивни фактури, со допишување, опасното гориво го продавале во ФЕНИ во Кавадарци, за што, како што веќе извести Телма, финансиската полиција е известена и отвори истрага. Но, според потврдени информации, во овој бизнис со продажба на опасно по здравје, штипско произведено масло за горење, учествувале уште две фирми. И двете се од Скопје.

Инспекторите утврдиле дека „Тритерол Петрол“ набавувал вакво опасно масло за горење за внатрешна трговија. Фирмата „Тритерол“ порано имаше седиште во Струмица, а сопственоста беше на донатор на СДСМ и близок пријател со Заев. Од 2019-та, фирмата е префрлена во Скопје, а нејзин сопственик е Љупчо Пецов, кој беше осуден во аферата Керозин за малверзации во трговија со мазут.

Втората фирма која е откриена од државните инспектори како купувач на опасното масло за горење е „Екопор“ Скопје која што има погон во ОХИС во Пинтија. И двете фирми се опфатени со нови надзорни акции на надлежните инспекторати, пазарниот и оној за заштита на животна средина. Двете фирми не се пријавени во финансиската полиција, бидејќи за разлика од РКМ, не се пронајдени лажни фактури со допишување на зборот мазут.

Од финансиската полиција за Телма, одговорија дека случајот за РКМ го работат и прибираат документи и искази.

Лани напролет војници на АРМ од полигонот на Криволак се пожалиле на здравствени проблеми, по што државниот инспекторат за животна средина откри неправилности дека маслото создадено во САНС АГ е ризично со сомнежи дека е канцерогено. Фирмата РКМ, во сопственост на Капушевски и Сулкоски; и сега е под истрага; беше избрана на сите јавни огласи на ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Производителот на опасниот мазут САНС АГ завчера беше казнет од Државниот инспекторат за животна средина поради тоа што не го почитувале и не го спроведувале решението на инспкеторите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе