Вести Македонија Топ вести

Обвинителството уште ги анализира измените на КЗ

„Титаник 2“, за изборните нерегуларности „Талир 2“ за Бела палата за ВМРО-ДПМНЕ, ТНТ за уривањето на „Космос“, „Топлик“ за Сончев град. Ова се предметите на СЈО против поранешни функционери кои се во скопска Апелација. Во три од четирите предмети има обвинети за злоупотреба на службената положба од ставот 5, кој се однесува на јавните набавки, а кој со последните измени беше избришан.

Официјално, од Апелација не откриваат како ќе постапуваат од утре. Неофицијано, дилемите во правната фела се движат од тоа дали можат обвинителите во оваа фаза да ги преквалификуваат делата или, пак, судиите ќе носат ослободителни пресуди поради тоа што оваа одредба е избришана. Но, дури и да се овозможи преквалификација пред второстепениот суд, пресметките на невладините покажуваат со измените на КЗ ќе следува апсолутна застареност или поблаги казни.

„Титаник“, „Таргет Тврдина“, „Тарифа“, „Траекторија“ и други се во судниците на Кривичниот суд. Дали обвинителството ќе истрча со конкретни предлози или ќе остави на одбраната да иницира спроведување на поблагиот закон? – Од обвинителството не откриваат кои ќе бидат нивните следни чекори

„Јавното обвинителство гo анализира текстот на новите законски одредби, по што ќе одржи стручен колегиум во проширен состав со цел да ги разгледа сите прашања поврзани со примената. Начинот на примена ќе зависи и од фактите во секој предмет поединечно“, соопштуваат од Јавното обвинителство. 

Законските измени на КЗ, донесени без дебата во експресна постапка, отворија повеќе прашања кои ќе се расчистуваат во наредниот период. Меѓу дилемите е и онаа за конфискацијата кај предметите што застареле? – Бројките на застарени предмети и за адвокатски трошоци допрва ќе се сумираат.

Врховниот суд и Антикорупциска реагираа дека се заобиколени при нетранспарентно носење на законот. Досега од екс функционерите во предметите на СЈО казна затвор издржуваат ексминистерите Јанкуловска и Јанакиески и поранешниот градоналачник на Битола, Талевски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе