Вести Македонија Топ вести

Институциите играат пинг понг со момчето од мал групен дом – надлежностите за старателство заглавени во Кочани

По сторијата на Телма објавена вчера,за деветгодишното момче кое е сместено во мал групен дом во Скопје, навлечено на питачење и лошо поведение со соучениците побаравме одговори од надлежните. Од Центарот за социјални работи Кочани тврдат дека детето ги има сите неопходни услови за живот и се преземени сите мерки за заштита согласно неговата возраст. За проблемите на детето во Скопје, неговите старатели доделни од државата и да не чуле во Кочани. Во досието за него, нема црни дамки.

„Образовната институција го следи неговиот образовен процес и досега центарот нема информации дека има потреба од промена на училиштето. Малолетното дете, согласно протоколите, стандардите и процедурата за работа како и Законот за семејството е ставен под старателство непосредно на ЈУМ ЦСР Кочани преку вработено службено лице кое ги врши работите на старателството што лицето, семејството или установата не ги врши во рамките на својата редовна дејност“, соопштуваат од Центар за социјални работи Кочани. 

Тој живее во скопската населба Влае и откако се соочи со проблеми во дисциплината најверојатно ќе му биде променето училиштето. Сто километри од неговиот роден град и привремените старатели тој има модерен дом мал згриживачи дом. Директорката на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение вели дека детето е прописно згрижено со сите неопходни услови. А ,токму таа ги посочи и аномалиите со кои се соочува при грижата. Признава дека детето не оди на училиште редовно, но за подобрување на лошото поведение според неа било потребно повеќе време, комуникација со старателот од Кочани, без кој пак не може да интервенира полицијата доколку има проблеми со момчето.

Во Скопје има околу десетина мали групни домови кои се формирани во 2018 година, кога е одлучено да се затворат големите домови за деца без родители. Идејата е да им се овозможат подобри услови и грижа, но ваквите и слични случаи, за кои реагира и народниот правобранител, покажуваат дека целта не е постигната.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе