Вести Македонија Топ вести

Бектеши во „Вин-Вин“: Цените на прехранбените производи нема да паднат за 10 отсто од септември, туку од други месеци во годината

Референтни цени кога зборуваме за намалување од најмалку 10 отсто, нема да бидат цените на рафтовите од септември и од август, туку ќе бидат од цени од други месеци во оваа година додека важеле одредени мерки, пришто владата се откажала од одредени давачки, како царински, од ДДВ и слично, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Производители, дистрибутери можат да се препознаат во ова што го кажувам. Денеска им го пренесов тоа и на ланците на супермаркети кои го кажаа истото тоа што и ние го кажуваме и што го покажуваат анализите. Цените на некои производи пред неколку месеци биле за 10 проценти намалени. Барем да се вратат на тоа што биле пред неколку месеци, бидејќи треба да намалуваат дополнителни 10 отсто најмалку. И кога кажуваме 10 отсто, значи не за сите 50-тина производи кои се предвидени во одлуката за замрзнување на цените или да бидам поконкретен, за определување на највисока цена во малопродажба“, изјави Бектеши.

Бектеши порача дека движењата на цените, особено во прехранбената индустрија, ќе бидат следени на неделна база. И тоа, како што додаде, е само прв чекор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе