Вести Македонија Топ вести

Не е време за меѓусебни уцени

Со убедување за неопходноста од уставни измени и идеи за реформи во пристапниот процес кон ЕУ, по специјалниот пратеник Сарацин вчера, денеска и Рот ја продолжи германската дипломатска офанзива. Претседателот на комисијата за надворешни работи на Бундестагот, порача дека уставните измени се неопходни, но на нашето прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот законик,кусо одговори дека, сите држави кои сакаат да се приклучат кон ЕУ мора да ја продолжат борбата против корупцијата.

Во обраќањето на конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“, Рот претстави шест предлози за реформи на ЕУ со кои земјите кандидатки треба да бидат вградени чекор по чекор, пред формално да станат членки. За отворањето на преговорите, во иднина, според Рот, треба да се одлучува преку квалификувано мнозинство во Советот на министри, за да не се дозволи една или две земји членки да ги уценуваат сите останати. Смета дека треба да се утврди патоказ кој ќе биде посуштински и попрецизен од претходниот затоа што не е сигурен дека луѓето ќе бидат трпеливи да чекаат уште 20 или 25 години за да влезат во унијата. И специјалниот пратеник Мануел Сарацин смета дека трпението во регионот е при крај.

И од Институтот за демократија, кои ја организираа конференцијата, сметаат дека борбата против корупцијата е клучна во пристапувањето кон ЕУ. Во прилог кон тоа, велат, не одат измените на Кривичниот законик, кои побараа од претседателот Пендаровски да не ги потпишува, но тој експресно ги потпиша.

Од ВМРО-ДПМНЕ кои, исто така, деновиве имаа средби со германските претставници, велат дека не успеале да ги разубедат за уставните измени.

Од средбите со државниот врв стигнаа пораки дека Германија останува посветена на европската перспектива на регионот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе