Вести Македонија

За почисти улици во Тетово, спасот се бара во јавното-приватно партнерство со словенечка фирма

Тетово и понатаму се „гуши“ во смет. Преполни контејнери гледаме и деновиве, иако за ваквите слики досега оправдување беше големата фрекфенција во градот, која, пак, сега е намалена.

Комуналците не успаваат навреме да го соберат отпадот, а проблем е и кабастот отпад и картоните кои ги оставаат граѓаните.

„Гледам кај контијнерите повеќе ѓубре, на земја има. Има работи кои ЈКП не може да ги подигне, тие фрлаат столици, маси, се што“, вели еден жител на Тетово.

„Да дојдете 100 метри 200 од самиотцентае е како депонија“, додава друг Тетовец.

„За никаде е, Тетово е втор најазагаден град во светот. Треба да се преземат мерки да се исчисти градот“, вели соговорникот.

Решението на проблемите на тетовско јавно комунално претпријатие, локалната самоправа го гледа во воспоставување јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање комунален отпад на цела територија на Општина Тетово до депонија Русино кое се остварува како јавна набавка. Заедно со избраната словенечката фирма се очекува градот да биде почист.

„Целите што треба да се постигнат со доделување на договорот за јавното приватно партнерство е подготовка и имплементација на интегриран систем за управување со отпад кој ќе биде ефикасен во однос на отстранување на целиот отпад што се создава со цел да се намалат на количините и потенцијалните опасности. Да се обезбеди депонирање на отпадот на најповолен начин по животната средина“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово

Инаку ЈКП Тетово е најзадолженото општинско претпријатие, поради што вработените имаат нередовни плати, кои им доцнат по неколку месеци.

Даниела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе