Вести Македонија

За неполн месец, трета нова партија на Албанците – Народно движење

Ова лето, раздвижено е во политичкиот корпус на Албанците. Бројот на парламентарни партии се искачи на 8. Синоќа, и поранешниот пратеник од Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд формираше партија и најави дека може да го промени светот. За неполн месец, ова е трета новоформирана  партија на Албанците, по Демократското движење на Изет Меџити и Европската демократска партија на Аријанит Хоџа.

За еден месец, три нови имиња се запишаа во регистерот на партиите. Сите три се парламентарни партии на Албанците, значи или се основани или во нив членуваат пратеници.

Синоќа, пратеникот Скендер Реџепи – Зејд ги оствари најавите и свечено го објави настанокот на Народното движење. Тој седна на претседателското столче на новата партија. Чувствува потенцијал  да го промени светот.

-Бог не ја менува состојбата на луѓето додека луѓето не ја сменат нивната состојба. Инспирирани од изреките на нашите предци, дека патриотизмот и љубовта кон татковината се карактеристики на луѓето кои сакаат да го променат општеството, мора да бидеме пример. Денеска со гордост и достоинство велам дека ова тело, оваа група ќе го промени светот затоа што тоа е најдобриот пример што секој може да го има, Скендер Реџепи – Зејд, претседател на Народно движење 

Зејд стана пратеник на последните избори од листата на Алтернатива. Партијата ја напушти лани во јуни, незадоволен што не добил можност за реализација на своите идеи. Оттогаш делуваше како независен пратеник.

Пред еден месец, партии регистрираа поранешниот потпретседател на БЕСА и екс министер за земјоделство, Аријанит Хоџа, и „огнениот“ Изет Меџити, кој не успеа да издејствува внатрепартиски отчет на министрите од ДУИ.

Аналитичарот Сефер Селими смета дека овој голем интерес за формирање партии кај Албанците се должи на лични мотиви на поединци.

Фактот дека сега се парламентарни политички парти поради тоа што мандатите ги имаат добиено од претходните избори , не значи дека и натаму ќе бидат парламентарни партии . Оваа фрагментација на политичкиот корпус на Албанците е предизвикана од лични и кариеристички мотиви, вели Сефер Селими, Демокраси лаб

Сега во Собранието има 8 партии на Албанците. Селими смета дека на владеачкиот блок составен од ДУИ, Алијанса и ДПА најсериозен предизвикувач му е опозицискиот блок во кој се обединија Демократското движење на Меџити, БЕСА на Касами и Алтернатива на Гаши.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе