Вести Македонија

Билатералните прашања да се решаваат навреме, опоменува украинскиот случај

Војната во Украина е пример дека мора навреме да се решаваат билатералните прашања. Конфликтот што трае веќе втора година и не се знае кога може да заврши, направи “текстонски” поместувања во цела Европа па и светот. Вака оценија професори и експерти учесници на Меѓународната научна конференција што ја организираа Филозофскиот факултет и Институтот за безбедност, одбрана и мир.

Во периодот кој следува ќе имаме безбедносно-невралгичен период, политички ризичен, посебно за Западен Балкан поради отворените прашања, смета проф. Д-р Марјан Ѓуровски-Институт за безбедност, одбрана и мир

И белградскиот професор Ѓукановиќ вели дека приоритет на државите треба да им бидат постигнување договори за отворените проблеми со земјите од соседството, а такви во Западен Балкан и а неколку.

Мислам дека е многу битно да дојде до решавање на некои многу чувствителни прашања, каков што е договорот помеѓу Белград и Приштина, уставните промени во Македонија, со што ќе се релаксираат односите со соседна Бугарија и ќе се зацврсне концептот на европските интеграции, вели Проф. Д-р Драган Ѓулановиќ од Белград.

На Конференцијата што се одржа во Дојран учествуваа осумдесетина професори и научници од Европа но и од светот. Разговараа за предизвиците на војната, климатските промени, економските случувања и нивното влијание врз безбедноста, но и врз развојот на општествата.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе