Вести Македонија Топ вести

Роднините на загинатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Да има ново обвинение и да се казнат и другите виновници за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, бараат роднините на загинатите. Правда за своите најблиски ќе побараат преку јавен протест на денот на двегодишнината од трагедијата.

Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката, во повеќе наврати, повтори дека на обвинителна клупа треба да седнат и други лица.

  • „Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати во медиумите дека не се овие тројца, имаат нешто вина, ама има и поголем синџир, јас сум спомнал“, изјави Мумин Исмаили.

Протестот најавен за во петок го пријавија во СВР Тетово. Роднините велат дека од местото на некогашната модуларна болница, ќе се упатат кон тетовскиот суд.

  • „Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори. Да биде помасовно и без инциденти“, рече Мумин Исмаили.

Во судскиот предмет кој се водеше во Основниот суд во Тетово условни казни добија двајцата поранешни директори на Клиничката болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, за кривичното дело „тешки дела против општатата сигурност“, парична казна беше изречена за правното лице за „предизвикување општа опасност“, додека докторот Бобан Вучевски доби ослободителна пресуда. Судијата образложи дека обвинението не е за причините за пожарот, туку затоа што немало противпожарни апарати.

Според вештачењата кои беа направени пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Пожарот се проширил многу брзо и целиот објект изгорел за само неколку минути.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе