Вести Свет

Норвешка ќе и донира воени авиони Ф-16 на Украина

Норвешка ќе и донира воени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешката телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.

Не се знае колку авиони ќе и бидат донирани на Украина. Министерството за одбрана на Норвешка се уште ја нема потврдено информацијата.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера на средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев најави донации на противвоздушни ракети и друга опрема.Тој не напомена ништо за авионите Ф-16.

Норвешките воздухопловни сили минатата година приземни 57 авиони Ф-16. Норвешка се согласи да продаде 32 од тие авиони на членката на НАТО, Романија.

Дванаесет авиони Ф-16 треба да се продадат на приватна компанија ангажирана во обука на американското воено воздухопловство, но тој план сè уште не добил конечно одобрение. Некои аналитичари сметаат дека овие авиони би можеле да бидат донирани на Украина.

Норвешкото министерство за одбрана минатата година соопшти дека преостанатите 13 авиони се прескапи или премногу тешки за поправка.Според нив тие може да се стават во музеј, да се користат за резервни делови или да завршат во отпад за да се рециклираат.

Норвешка авионите Ф-16 ги замени со Ф-35. Доколку веста биде потврдена, Норвешка ќе биде трета земја, која ќе донира американски борбени авиони Ф-16 на Украина, заедно со Данска и Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе