Вести Македонија Топ вести

За 100 евра ќе добиете пасош за неколку денови – немањето термини за редовна постапка ги натера граѓаните да вадат документи по итна

Неможноста да се закаже термин за вадење на лични документи по телефон или електронски ги натера голем број граѓани да издвојат екстра пари за вадење на неопходните документи по итна постапка.

Но, итна постапка чини многу повеќе пари од редовната. Издавање на патна исправа по итна постапка чини 6.100 денари, а цената на возачка дозвола по итна постапка е 1.230 денари. Граѓаните велат чекавме многу на телефон едвај добивме.

Народниот правобранител во одбрана на граѓаните, смета дека обновата на личните документи со додавање на придавката северна финансиски чини многу и тоа не треба да биде на товар на граѓаните. Според неговата претпоставка сите граѓани нема да успеат да ги променат сите лични документи во предвидениот рок и затоа апелира до надлежните да пронајдат алтернативни решенија.

Министерот Спасовски со ново ветување граѓаните нема да имаат проблеми.

Според тоа дневно треба да се вадат по 5.000 лични карти и пасоши за да се стигне до предвидениот рок.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе