Вести Македонија Топ вести

ВИДЕО/ФОТО: Пламна „Форд“ кај „Скендербег“ додека сопственикот бил внатре

Автомобил се запали преттпладнево кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија, додека сопственикот се наоѓал во возилото. кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

„Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото“, изјави сопственикот.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време пожарот беше изгаснат.

Од МВР соопштија дека нема повредени.

Денеска (22.08.2023) во 10.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на бул.„Филип Втори Македонски“ при движење настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.П.(70) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе