Вести Македонија

Македонија меѓу Србија и Косово- напади, барања за објаснување, понуда за извинување

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва реагираше на изјавата на министерот за одбрана на Србија и претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ дека Црна Гора и Северна Македонија ја навредија Србија со признавањето на независноста на Косово.

-Направивте грешка и ќе ви се удри од глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Албин Курти, ниту Тирана не ви веруваат во тоа, изјави Вучевиќ.

По оваа изјава со реакција се јави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој на својот Фејсбук профил порача дека Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството.

-Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Р. Србија и Р. Косово. Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, напиша Османи на Фејсбук.

Вучевиќ не застана и продолжи

-Поддршката на Србија за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна. Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги потврдија нашите предупредувања дека Унилатералната декларација на независност на Косово (sui generis) не е уникатен случај и дека ќе им се врати порано или подоцна. Никој во Србија не ликува за тоа, само ги посочуваме фактите, напиша Вучевиќ алудирајќи на настаните во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

Од Атина со заедничка фотографија со српскиот претседател Вучиќ и дипломатско разблажување на пораките од едниот северен сосед за односот на Македонија со другиот северен сосед се јави премиерот Димитар Ковачевски.

-Вечерва разговаравме со српскиот претседател Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини, напиша Ковачевски на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе