Вести Македонија

Тешко се живее со сегашниве пензии, се жалат тетовски пензионери

Речиси половина од тетовските пензионери имаат ниски пензии, Претежно работеле во фабрики каде земале мали плати, а имаат и мал стаж затоа што поради затворањето на истите биле принудени да работат и без осигурување, за да имаат примања во семејството. Растот на трошоците за живот стана неподнослив за нив. Веќе две недели, секое утро група пензионери се собира пред Здружението во знак на протест, барајќи линеарно покачување и зголемување на минималната пензија. Велат за сѐ може да се изнајде решение.

„Прво на воените лица им додадоа по 100 евра, потоа вработените во Министерство за финансии добија 30 % покачување, а згора на тоа најдрастично, 78% добија функционерите. Како може да не се реши и за пензионерите, мора да се интервенира. Потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство е 48 илјади денари, а тука има пензии од 12 илјади, 11 илјади и 10 илјади денари“, изјави Селвер Мемети, претседател на ИО на Здружение на пензионери Тетово.

Пензионери од цела држава протестираа изминатиот период повторувајќи ги нивните барања, нагласувајќи дека не е од политички причини, туку маката ги натерала.

„Со тие 3 500 денари не е некое големо чудо, па ние ќе збеснеме. Не. Тоа е да се живее, да се има за лекови, за пристоен живот за храна, зар ние пензионерите тоа не го заслужуваме. Го заслужуваме“ вели Ленче Симовска, пензионерка.

„Пензијата ни се обезвредни скроз. Еве едно тробиче илјадарка во продавница само леб и нешто со лебчето, побогато не можеш да земеш. Ова сиромаштија доаѓа. Се зборува дека ќе биде 700 денари кило сирење, а кашкавалче ако сака некој да купи нема шанси, ништо, скапоо е многу“, вели Петре Костадиноски, пензионер

Според министерката за труд барањето на пензионерите за минимална пензија од 18.000 денари е нереално и може да го оптовари пензискиот фонд, а линеарно зголемување на пензиите е неуставно. Најави нов закон за минимална пензија, а најниската пензија во земјава ќе биде 13.300 денари, согласно септемвриското покачување.

 

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе