Вести Свет Топ вести

Русија и Кина во обид за дополнително влијание кај земјите во развој – Самит на БРИКС во Јоханесбург

Русија и Кина ќе се обидат да обезбедат поголемо политичко и економско влијание во земјите во развој за време на Самитот на држави членки на БРИКС од 22 до 24 август во Јоханесбург. Лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка ќе одржат многубројни средби и состаноци во наредните три дена. Самото присуство на кинескиот претседател Си Џинпинг го нагласува дипломатскиот капитал што го вложува неговата земја во организација во изминатите десетина години.

Неговиот претседател Владимир Путин, пак, ќе учествува на самитот преку видео врска. Иако најавуваше дека ќе патува во Јужна Африка, сепак, ја промени одлуката по налогот за негово апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Хаг. Русија на самитот ќе биде претставена од шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Посебна тема на состаноците на самитот на БРИКС ќе биде проширувањето на организацијата. Саудиска Арабија е една од 20-те држави кои формално аплицираа за членство во блокот. Нови членови, покрај Саудијците, може да станат Египет, Аргентина, Алжир, Иран, Индонезија, Обединетите Арапски Емирати, Боливија, Етиопија…

Тие земји го гледаат БРИКС како алтернатива за глобалните организации за кои сметаат дека се контролирани од Западот… И се надеваат дека членството ќе им донесе бенефиции како инвестии и раст на трговијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе