Вести Македонија Топ вести

Расте притисокот врз пекарската индустрија, се калкулира најавеното поскапување

Пекарската индустрија се уште прави калкулации дали и колку ќе поскапи лебот, иако берзанските цени на пченицата веќе се во пораст. Пекарите велат дека допрва ќе се прават пресметките за цените на лебот

-Има покачување на цените на беризте, се јавува притисок, затоа што покачена  е цената на житото, односно на пченицата  од 10 до 15 проценти. Се уште кај нас нема покачување, но ќе видиме од септември како ќе се одвиваат работите и какви ќе бидат цените на берзите, вели Горан  Ѓоргиевски, претседател на Агро бизнис комората.

Но се поизвесно е дека ќе има нови цени за белите печива, поради поскапувањето на млекото и млечните производи. Пекарите со кои разговараше Телма велат дека се уште можат да го издражат притисокот од зголемените цени на млечните и месните производи кои партиципираат во печивата, но доколку овие продукти и натаму поскапуваат и цените на белите печива ќе имаат корекции. Од Агро бизнис комората велат дека и за овие производи се уште нема калкулации.

-Млечните и месните производи учествуваат во дел од пекарските производи бурек и други видови печива. Тие поскапуваат, има притисок но се уште нема конкретни активности во однос на некои покачување, вели Ѓоргиевски од Агро бизнис комората

По укинувањето на дел од антикризните мерки, посебно по одмрзнувањето на маржите на 1 јули, цените на прехранбеnите производи поsтојано се во пораст. Покрај млекото и млечните производи, граѓаните се жалат на високите цени на овошјето и зеленчукот, а доколку поскапи и лебот, тоа ќе биде ушт еден удар врз нивниот џеб. Повисоки цени ќе имаат и околу 1500  прехранбени продукти, кои државата ги смета за луксуз. Тие  ќе се оданочат со двојно повисок ДДВ, од 5 на 10 проценти.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе